За нас, нашата визија и мисија


Нашата компанија Веитмак ДООЕЛ е формирана во 2009 година и од тогаш до денес ја опслужуваме текстилната индустрија со нашите производи. Ние ви нудиме производи од Групацијата ВЕИТ која е светски водечки производител на опрема за пеглање, фиксер преси, маси за пеглање и опрема за финиширање.
Нашата палета на производи: Од маси зa пеглање и парни генератори до пегли со пареа на висок притисок, од фиксер преси до топли и ладни 3-димензионални финишери на форма, од тунел системи до компјутерски контролирани роботски машини за пеглање, секогаш можете да се потпрете на производите од Групацијата ВЕИТ за да добиете највисоки резултати.
Групацијата ВЕИТ е светски водечки производител на опрема за пеглање, фиксер преси, маси за пеглање и опрема за финиширање на облека. Кога барате совршеност, зошто да не се обратите кон најдоверливото име во индустријата? Групацијата ВЕИТ, алтернатива за квалитет!
Сите наши производи се дизајнирани да го постигнат највисокиот квалитет при фузирањето и финиширањето со минимално време за обработка и тие се познати по врвниот квалитет и долготрајноста.
